Macedonia Photographers

Macedonia Photographers е затворена група во којашто можат да членуваат фотографи и љубители на фотографијата со цел размена на искуства и информации, како и промовирање на работата на членовите на групата.
Групата го кани членството да придонесе со фотографии, информации или линкови коишто се од интерес за или се поврзани со фотографијата во Македонија.

Зачленувањето во групата ќе биде одобрувано од администраторите. За зачленување ќе биде потребно да се прати порака и линк до портфолио (500px, Pixoto, Flickr итн.)

Постовите ќе бидат одобрувани од страна на администраторите.

Фотографиите мора да се сопственост на членот на групата којшто ги постира истите.

Можат да се постават линкови и информации коишто се однесуваат на членовите на групата или се поврзани со фотографија (на пример, изложби кај нас или во странство).

Во групата не е дозволено поставување на комерцијални линкови или информации (на пример, огласи за продажба).

Во групата не е дозволено започнување на дискусии коишто не се поврзани со интересите на групата.

Членовите мора да внимаваат на однесувањето кон другите членови. При коментирање на туѓите трудови да се даваат конструктивни коментари. Навредливите коментари ќе бидат избришани.

Членовите можат да постават само една фотографија/пост дневно. Секој дополнителен пост ќе биде избришан од страна на администраторите.
Доколку некој член на групата смета дека нечиј пост е навредлив или несоодветен за групата, се моли да стапи во контакт со администраторите на групата.

Администраторите на групата го задржуваат правото на бришење на постови без претходна најава.

Администраторите на групата го задржуваат правото на промена на правилата на групата без претходна најава.

Администраторите го задржуваат правото да исфрлуваат членови од групата доколку не се придржуваат до горенаведените правила.