ПСД „КОРАБ“

https://psdkorab.wordpress.com/

Со над 50 организирани акции го...дишно ПК “Кораб“ е најактивно планинарско друштво во Македонија. Најзначајна од нив е традиционалното меѓународно искачување на “Голем Кораб“ по повод 8-ми Септември Денот на државноста, чиј организатор е друштвото.
Позначајни успеси се: искачување на Ухуру Пик (5895 мнв) од тројца наши членови, искачувања на Мон Блан (4807 мнв - највисок во западна Европа) со вкупно 51 искачен планинар од ПСД „Кораб“, Арарат (5165 мнв - највисок во Мала Азија) во Турција искачен од 14 планинари, трет висински логор (7054 мнв) на Мустаг-Ата на Памир, Ерџијас (3951 мнв) во Турција искачен 4 пати од 4 планинари од Друштвото, Олимп (2917 мнв) во Грција искачен од повеќе од 150 планинари од друштвото, Мусала (2925 мнв - највисок на Балканот) искачен над 30 пати од повеќе од 200 членови на Друштвото, сите познајчајни врвови во Македонија, голем број останaти врвови во соседните земји Србија и Црна Гора и Бугарија.