Уметност на живеење Македонија - Art of Living Macedonia

„За свет полн со насмевка“
Целта на дејствувањето на фондацијата „Art of Living“ е оживување на човечките вредности и зголемување на квалитетот на животот на секој човек. Целта ни е намалување на стресот и насилството во општеството, кај поединецот кој го сочинува тоа општество, како и будење на позитивните вредности (среќа, радост, внатрешен мир, чувство на припаѓање и поврзаност со луѓето, физичко и ментално здравје) во сите сегменти и димензии на животот. За да ги оствариме тие цели, низ делови на светот спроведуваме бројни хуманитарни, едукативни и миротворни активности.